Еремија 29:26-32 MKB

26 „Господ те постави свештеник на местото на свештеникот Јодај за да бидеш надгледник, во Господовиот Дом, за секој безумник кој се прави пророк да го фрлиш во клади, со железо околу вратот.

27 И така, зошто не го спречи Еремија од Анатот, кој се прави меѓу вас пророк?

28 Та тој ни испрати порака во Вавилон: ‘Долго ќе трае: Градете куќи и населете се! Садете градини и уживајте го нивниот плод!’”

29 Свештеникот Софониј му го прочита писмото на пророкот Еремија.

30 Тогаш му дојде на Еремија Господово слово:

31 „Испрати им ја на сите заточеници оваа вест: ‘Вака зборува Господ за Неламецот Семај: „Зашто Семај ви пророкува та ви буди измамливи надежи, иако Јас не го испратив,”

32 Господ зборува вака: „Ќе ги казнам Неламецот Семај, него и неговото потомство: никој не ќе му остане среде овој народ за да ја доживее среќата што ја подготвувам за Својот народ - зборува Господ - зашто проповедуваше буна против Господа.”‘“