Еремија 3:1-7 MKB

1 Зборуваат: ‘Ако мажот ја отпушти својата жена и таа си отиде од него, та се омажи за друг, има ли уште право да се врати кај него? Не е ли таа жена сосем осквернета?’ А ти блудствуваше со многу љубовници, па да Ми се вратиш Мене? - говори Господ.

2 Подигни ги очите кон голините и погледај: каде тоа не те оскверниле? На патиштата ги пречекуваше како Арабјанец во пустината. Ти ја оскверни земјата со својот блуд и со својата нечесност,

3 затоа и дождовите прекратија, и доцните дождови не паднаа. Челото ти е како во блудница: не се ни зацрвени.

4 Не Ми викаш ли сега: ‘Татко мој, ти си пријател на мојата младост!

5 Дали засекогаш ќе пламнееш и вечно ли ќе тлее твојот гнев?’ Така зборуваш, а и натаму правиш зла, колку што можеш.”

6 Господ ми рече во деновите на царот Јосиј: „Виде ли што направи одметничката Израел? Таа оди на секоја висока гора и под секое зелено стебло и таму му се предава на блудството.

7 А Јас мислев: ‘По сè што ќе направи, ќе Ми се врати Мене.’ Но таа не се враќа. И тоа го виде нејзината сестра, неверницата Јудеја.