Еремија 3:10-16 MKB

10 И после сè тоа не се врати кај Мене нејзината сестра неверница, Јудеја, со сето свое срце, туку само лажно - Господово слово е.

11 И ми рече Господ: „Одметничката Израел поправедна е од неверницата Јудеја.

12 Оди и викај ги кон Север овие зборови. Речи: ‘Врати се, одметничке, Израелу, говори Господ. Не се гневи веќе Моето лице на вас, зашто Сум милостив - говори Господ, не ќе се гневам довека.

13 Само признај ја својата кривица дека се одметна од Господа, твојот Бог, и дека заскита кон туѓинците, под секое зелено дрво, и не го слушаше Мојот глас - говори Господ.

14 Вратете се, синови одметници - говори Господ - зашто Јас Сум вашиот Господар. Ќе ве земам, по еден од секој град, по двајца од секој род, да ве одведам на Сион.

15 И ќе ви дадам пастири според Своето срце, кои ќе ве пасат разумно и мудро.

16 А кога во тие дни ќе се намножите и народите во земјата - Господово слово е - веќе нема да се зборува: ‘Ковчег на Господовиот Завет’ и никој не ќе мисли на него, никој не ќе си спомнува за него, ниту ќе копнее по него, ниту ќе го гради повторно.