2 Подигни ги очите кон голините и погледај: каде тоа не те оскверниле? На патиштата ги пречекуваше како Арабјанец во пустината. Ти ја оскверни земјата со својот блуд и со својата нечесност,
3 затоа и дождовите прекратија, и доцните дождови не паднаа. Челото ти е како во блудница: не се ни зацрвени.
4 Не Ми викаш ли сега: ‘Татко мој, ти си пријател на мојата младост!
5 Дали засекогаш ќе пламнееш и вечно ли ќе тлее твојот гнев?’ Така зборуваш, а и натаму правиш зла, колку што можеш.”
6 Господ ми рече во деновите на царот Јосиј: „Виде ли што направи одметничката Израел? Таа оди на секоја висока гора и под секое зелено стебло и таму му се предава на блудството.
7 А Јас мислев: ‘По сè што ќе направи, ќе Ми се врати Мене.’ Но таа не се враќа. И тоа го виде нејзината сестра, неверницата Јудеја.
8 А виде и како ја отпуштив одметничката Израел заради сите прељуби и и дадов отпустен книжен свиток. Но сестра и, неверницата Јудеја, не се исплаши ни малку, па и таа сврте во блудство.