Еремија 3:9-15 MKB

9 И со своето лесноумно блудство ја обесчести земјата; правеше прељуба со камења и со дрва.

10 И после сè тоа не се врати кај Мене нејзината сестра неверница, Јудеја, со сето свое срце, туку само лажно - Господово слово е.

11 И ми рече Господ: „Одметничката Израел поправедна е од неверницата Јудеја.

12 Оди и викај ги кон Север овие зборови. Речи: ‘Врати се, одметничке, Израелу, говори Господ. Не се гневи веќе Моето лице на вас, зашто Сум милостив - говори Господ, не ќе се гневам довека.

13 Само признај ја својата кривица дека се одметна од Господа, твојот Бог, и дека заскита кон туѓинците, под секое зелено дрво, и не го слушаше Мојот глас - говори Господ.

14 Вратете се, синови одметници - говори Господ - зашто Јас Сум вашиот Господар. Ќе ве земам, по еден од секој град, по двајца од секој род, да ве одведам на Сион.

15 И ќе ви дадам пастири според Своето срце, кои ќе ве пасат разумно и мудро.