1 Слово што Господ му го упати на Еремија:
2 „Вака зборува Господ, Израелевиот Бог: ‘Запиши ги во книжен свиток сите овие зборови што ти ги зборувам.
3 Зашто еве доаѓаат денови - зборува Господ - и ќе ја изменам судбината на Својот народ во Израел, во Јудеја - зборува Господ - и ќе ги вратам во земјата што им ја дадов во наследство на нивните татковци.’”
4 Еве ги зборовите што Господ ги рече за Израел и за Јудеја:
5 „Господ зборува вака: ‘Слушам крик на ужас, тоа е стравотија, а не мир.
6 Ајде, распрашајте се и погледајте: дали некогаш родил маж? А сите мажи се фаќаат за бедрата како родилки! Зошто се сите лица изобличени и побледени?
7 Леле, зашто е голем овој ден, сличен нему не бил! Време на неволја е за Јакова, но ќе се избави од неа.