Еремија 30:12-18 MKB

12 Зашто, Господ зборува вака: ‘Твојата рана е неисцелива, твојата болка - непреболена.

13 Нема лек за твојата рана, и никако да зарасти.

14 Сите љубовници те заборавија, веќе и не прашуваат за тебе! Зашто Јас удрив на тебе, како што удира непријателот, со жестока казна за беззаконие и за многуте твои гревови.

15 Зошто лелекаш заради својата рана? Зар е неизлечива твојата болка? Заради мноштвото беззаконија и заради многуте твои гревови ти го сторив тоа.

16 Но и тие што те јадат ќе бидат изедени, сите твои непријатели ќе отидат во ропство; твоите ограбувачи ќе бидат ограбени, и кои што те пљачкосуваа ќе бидат пљачкосани.

17 Но Јас ќе те исцелам, ќе ти ги залечам раните - зборува Господ. Те викаа „Истераната” и „Сионка, за која никој не прашува.”‘

18 Господ зборува вака: ‘Еве, ќе ја изменам судбината на Јакововите шатори, ќе им се смилам на неговите шатори: врз неговите урнатини пак ќе биде соѕидан град, и дворците ќе стојат на старото место.