Еремија 30:17-23 MKB

17 Но Јас ќе те исцелам, ќе ти ги залечам раните - зборува Господ. Те викаа „Истераната” и „Сионка, за која никој не прашува.”‘

18 Господ зборува вака: ‘Еве, ќе ја изменам судбината на Јакововите шатори, ќе им се смилам на неговите шатори: врз неговите урнатини пак ќе биде соѕидан град, и дворците ќе стојат на старото место.

19 Од нив ќе се чујат благодарници и радосни гласови. Ќе ги умножам, и веќе не ќе ги намалувам со број, ќе им дадам углед, и веќе не ќе ги презираат.

20 Нивните синови ќе ми бидат како некогаш, нивната заедница ќе стои цврсто пред Мене, а ќе ги казнам сите нивни угнетувачи.

21 Нивниот главатар ќе никне од нив, нивниот владетел ќе излезе пред нив. Ќе го пуштам кон Себе, за да Ми се приближи, зашто кој ќе се осмели сам да излезе пред Мене! - говори Господ.

22 И вие ќе бидете Мој народ, а Јас ваш Бог.’”

23 Ете, Господово невреме, јароста навлегува, силен виор се размавтува, и паѓа врз безбожничките глави.