4 Еве ги зборовите што Господ ги рече за Израел и за Јудеја:
5 „Господ зборува вака: ‘Слушам крик на ужас, тоа е стравотија, а не мир.
6 Ајде, распрашајте се и погледајте: дали некогаш родил маж? А сите мажи се фаќаат за бедрата како родилки! Зошто се сите лица изобличени и побледени?
7 Леле, зашто е голем овој ден, сличен нему не бил! Време на неволја е за Јакова, но ќе се избави од неа.
8 Во оној ден - говори Господ над Воинствата - ќе го скршам јаремот на нивниот врат и ќе ги скинам нивните вериги. Веќе не ќе му служат на туѓинец,
9 туку ќе Му служат на Господа, својот Бог, и на Давида, својот цар, кого ќе им го подигнам.
10 Не бој се, Јакове, слуго Мој - зборува Господ, не плаши се, Израелу! Зашто еве, ќе те спасам од далеку, и твоето потомство од земјата на заточението. Јаков ќе се смири пак, ќе живее спокојно, и никој не ќе го плаши - зборува Господ,