Еремија 30:8-14 MKB

8 Во оној ден - говори Господ над Воинствата - ќе го скршам јаремот на нивниот врат и ќе ги скинам нивните вериги. Веќе не ќе му служат на туѓинец,

9 туку ќе Му служат на Господа, својот Бог, и на Давида, својот цар, кого ќе им го подигнам.

10 Не бој се, Јакове, слуго Мој - зборува Господ, не плаши се, Израелу! Зашто еве, ќе те спасам од далеку, и твоето потомство од земјата на заточението. Јаков ќе се смири пак, ќе живее спокојно, и никој не ќе го плаши - зборува Господ,

11 зашто Јас Сум со тебе - говори Господ - за да те избавам. Ќе ги сотрам народите меѓу кои што те протерав, а тебе нема да те уништам сосем; но ќе те казнам по правда, не смеам да те пуштам неказнет.’

12 Зашто, Господ зборува вака: ‘Твојата рана е неисцелива, твојата болка - непреболена.

13 Нема лек за твојата рана, и никако да зарасти.

14 Сите љубовници те заборавија, веќе и не прашуваат за тебе! Зашто Јас удрив на тебе, како што удира непријателот, со жестока казна за беззаконие и за многуте твои гревови.