1 „Во она време - говори Господ - ќе им бидам Бог на сите израелеви племиња, и тие ќе бидат Мој народ.”
2 Господ зборува вака: „Милост најде во пустината народот што му избега на мечот: Израел оди кон своја починка.”
3 Господ му се јави од далечина: „Те љубам со вечна љубов, затоа ти запазив милост.
4 Пак ќе те создадам, и ќе бидеш создадена Израелева девице. Пак ќе се украсуваш со тапанчиња, ќе се факаш во весел танец.