Еремија 31:16-22 MKB

16 Господ зборува вака: „Прекрати да ридаш, избриши ги солзите во очите! Твоите страдања ќе бидат наградени: тие ќе се вратат од непријателската земја.

17 Има надеж за твоето потомство - говори Господ - твоите синови ќе се вратат во својот крај:

18 Добро го слушам Ефремовото липање: ‘Ти ме искара, и Јас се поправив како јунче уште нескротено. Обрати ме, за да се обратам, зашто Ти си, Господи, мој Бог.

19 Се одвратив од Тебе, но се покајав засекогаш, и сега се удирам по слабините. Се срамам и црвенеам, зашто го носам срамот на својата младост!’

20 Зар не ми е Ефрем драг син? Не е ли возљубено дете, зашто колку и да му се заканувам, секогаш со љубов си спомнувам за него; и срцето ми трепери за него од нежна сомилост - говори Господ.

21 Постави патокази, подигни столбови! Спомни си за врвилиштето, за патот по кој што помина. И врати се, Израелева девице, врати се во Своите градови!

22 До кога уште ќе се двоумиш, ќерко одметнице? Зашто Господ создаде нешто ново на земјата: жена ќе опкружи маж.”