Еремија 31:2-8 MKB

2 Господ зборува вака: „Милост најде во пустината народот што му избега на мечот: Израел оди кон своја починка.”

3 Господ му се јави од далечина: „Те љубам со вечна љубов, затоа ти запазив милост.

4 Пак ќе те создадам, и ќе бидеш создадена Израелева девице. Пак ќе се украсуваш со тапанчиња, ќе се факаш во весел танец.

5 Пак ќе садиш лозја на ридовите на Самарија: кои ќе ги посадат насадите тие и ќе ги збираат.

6 Зашто доаѓа ден кога стражарите ќе викаат на Ефремовата Гора: ‘На нозе! Да се искачиме на Сион кон Господа, својот Бог!’”

7 Зашто Господ зборува вака: „Воскликнувајте му од радост на Јакова, поздравете го бурно првенецот на народите! Нека се разнесува вашиот глас! Објавете, прославете и кажете: ‘Господ го спаси Својот народ, Израелевиот Остаток!’

8 Еве, Јас ги водам од Северната Земја, ги собирам од краиштата на земјата: со нив се слепите и хромите, бремените и родилките: големата заедница се враќа.