Еремија 31:21-27 MKB

21 Постави патокази, подигни столбови! Спомни си за врвилиштето, за патот по кој што помина. И врати се, Израелева девице, врати се во Своите градови!

22 До кога уште ќе се двоумиш, ќерко одметнице? Зашто Господ создаде нешто ново на земјата: жена ќе опкружи маж.”

23 Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Во Јудината Земја, кога ќе ја изменам нејзината судбина, во нејзините градови ќе се зборува вака: ‘Да те благослови Господ, Живеалиште на Праведноста, Света Горо!’

24 И во неа пак ќе се насели Јудеја со сите свои градови, земјоделците и оние што одат по стадата,

25 зашто Јас ќе ја закрепнам исцрпената душа, изобилно ќе ја нахранам истоштената душа.”

26 Како онаа: „Штом се разбудив, погледнав: сладок ли беше мојот сон!”

27 „Еве доаѓаат денови - Господово слово е - кога во Израелевиот дом и во Јудиниот дом ќе посеам човечко семе и животинско семе.