25 зашто Јас ќе ја закрепнам исцрпената душа, изобилно ќе ја нахранам истоштената душа.”
26 Како онаа: „Штом се разбудив, погледнав: сладок ли беше мојот сон!”
27 „Еве доаѓаат денови - Господово слово е - кога во Израелевиот дом и во Јудиниот дом ќе посеам човечко семе и животинско семе.
28 И како што некогаш бдеев за да ги откорнам, за да ги разурнам, за да ги истребам, за да ги сотрам и за да навалам несреќа врз нив, така сега ќе бдеам грижливо за да ги подигнам и за да ги посадам.
29 Во оние денови веќе не ќе се зборува: ‘Татковците јадеа кисело грозје, а на синовите им отрпнуваат забите.’
30 Туку секој ќе умре заради сопствената вина. И на оној што ќе јаде кисело грозје забите ќе му отрпнуваат.
31 Еве доаѓаат денови - говори Господ - кога ќе склучам Нов Завет со Израелевиот дом и со Јудиниот дом.