37 Господ зборува вака: „Ако можат да се измерат небесата горе, и да се истражат основите на земјата долу, тогаш и Јас ќе го отфрлам Израелевото потомство заради сè што направија - говори Господ.
38 Еве доаѓаат денови - говори Господ - кога Господовиот град ќе биде пак соѕидан, од Ананеиловата Стражарница до Вратата на Аголот.
39 И уште натаму ќе се протегне јажето за мерење, право до ритчето Гарив, а тогаш ќе се сврти кон Гоат.
40 И сета долина на трупови и пепел, и сите полиња до потокот Кедрон, до аголот на Коњската Врата на исток, ќе биде Господова светина. И веќе не ќе има разурнувања и проклетства.”