1 Словото што Господ му го упати на Еремија во десеттата година на Седекија, јудејскиот цар, односно во осумнаесеттата година на Навуходоносор.
2 Во тоа време војската на вавилонскиот цар го опседнуваше Ерусалим, а пророкот Еремија беше затворен во темничкиот двор во дворецот на јудејскиот цар.
3 Седекија јудејскиот цар, го беше затворил таму, приговорувајќи му: „Зошто пророкуваше: ‘Господ зборува вака! „Ете, ќе го предадам овој град во рацете на вавилонскиот цар за да го освои;
4 а Седекија, јудејскиот цар, не ќе и избега на халдејската сила, туку ќе биде предаден во рацете на вавилонскиот цар - ќе разговара со него уста во уста, ќе го види очи во очи.