Еремија 32:16-22 MKB

16 Откако му го предадов купувачкиот договор на Нириниот син Варух, Му се помолив на Господа:

17 ‘О, Господи, Господи! Ти ги создаде небото и земјата со голема сила, со подигната рака! Тебе ништо не Ти е невозможно!

18 На илјадници им искажуваш милост, а вината на татковците ја одмаздуваш врз децата, врз нивните потомци. Велик и силен Боже, Кому Името е Господ над Војските!

19 Велик си во Своите замисли, силен во Своите дела! Твоите очи бдеат над сите човечки патишта, за да му платиш секому според неговиот пат и според плодот на неговите дела!

20 Ти Кој што правеше знаци и чудеса во Египетската Земја и во Израел, и меѓу сите луѓе сè до денес.

21 Ти го изведе Својот народ Израелски од Египетската Земја со знаци и чудеса, со силна рака и со подигната мишка, со големи стравотии.

22 Потоа им ја даде сета оваа земја што со заклетва им ја вети на нивните татковци, земја во која течат мед и млеко.