Еремија 32:22-28 MKB

22 Потоа им ја даде сета оваа земја што со заклетва им ја вети на нивните татковци, земја во која течат мед и млеко.

23 И тие ја зазедоа; ама не го слушаа Твојот глас, ниту одеа по патот на Твојот Закон. Не направија ништо од она што им заповеда Ти; затоа ги повика врз нив сите овие неволји.

24 Ете, насипите му се приближија веќе на градот, и ќе биде освоен, и градот ќе падне во рацете на Халдејците кои се нафрлаат врз него со меч, глад и помор. Со што се закануваше, еве доаѓа. И Самиот гледаш.

25 А Ти, Господи Господи мој, ми рече: „Купи нива за сребреници и повикај сведоци,” а градот е веќе предаден во рацете на Халдејците!’”

26 Тогаш ми дојде Господово слово:

27 „Ете, Јас Сум Господ, Бог на секое тело! Мене ништо не Ми е невозможно!”

28 Затоа - говори Господ - го предавам овој град во рацете на Халдејците и во рацете на вавилонскиот цар, кој ќе го заземе.