Еремија 32:25-31 MKB

25 А Ти, Господи Господи мој, ми рече: „Купи нива за сребреници и повикај сведоци,” а градот е веќе предаден во рацете на Халдејците!’”

26 Тогаш ми дојде Господово слово:

27 „Ете, Јас Сум Господ, Бог на секое тело! Мене ништо не Ми е невозможно!”

28 Затоа - говори Господ - го предавам овој град во рацете на Халдејците и во рацете на вавилонскиот цар, кој ќе го заземе.

29 Во него ќе влезат Халдејците, кои се борат против овој град, ќе го уништат со оган и ќе го изгорат заедно со куќите, на чии покриви му палеа темјан на Ваала и им лееја налевници на туѓите богови, разгневувајќи Ме Мене.

30 Зашто Израелевите синови и Јудините синови од младост прават само зло пред Моите очи. Навистина, Израелевите синови без прекратување Ме гневат со делата на своите раце - говори Господ.

31 Навистина, овој град само Ми е за гнев и расрденост откако е изграден па до денешниот ден, та треба да го отстранам од пред Своето лице