Еремија 32:37-43 MKB

37 ‘Еве, Јас ќе ги соберам од сите земји во кои ги протерав - во Својот гнев и јарост - и ќе ги вратам на ова место за да живеат тука спокојно.

38 И тие ќе бидат Мој народ, а Јас ќе бидам нивни Бог.

39 И ќе им дадам едно срце и еден пат, за да се бојат од Мене во сите дни, за своја среќа и за среќата на своите деца.

40 И ќе склучам со нив вечен Завет, никогаш веќе не ќе се одвратам од нив и секогаш ќе им правам добро; ќе им го посадам во срцето Својот страв, за да не се одметнат никогаш веќе од Мене.

41 И ќе се радувам правејќи им добро; и цврсто ќе ги засадам во оваа земја, со сето Свое срце и со сета Своја душа.’

42 Зашто Господ зборува вака: ‘Како што врз овој народ ја доведов сета оваа страшна несреќа, така врз нив ќе ја доведам сета среќа што им ја ветив.

43 Да, пак ќе се купуваат ниви во оваа земја за која што вие велите: „Ова е пустина, без човек и без животинче, предадена на милост и немилост на Халдејците!”