Еремија 32:39-44 MKB

39 И ќе им дадам едно срце и еден пат, за да се бојат од Мене во сите дни, за своја среќа и за среќата на своите деца.

40 И ќе склучам со нив вечен Завет, никогаш веќе не ќе се одвратам од нив и секогаш ќе им правам добро; ќе им го посадам во срцето Својот страв, за да не се одметнат никогаш веќе од Мене.

41 И ќе се радувам правејќи им добро; и цврсто ќе ги засадам во оваа земја, со сето Свое срце и со сета Своја душа.’

42 Зашто Господ зборува вака: ‘Како што врз овој народ ја доведов сета оваа страшна несреќа, така врз нив ќе ја доведам сета среќа што им ја ветив.

43 Да, пак ќе се купуваат ниви во оваа земја за која што вие велите: „Ова е пустина, без човек и без животинче, предадена на милост и немилост на Халдејците!”

44 Нивите ќе се купуваат за сребреници, ќе се пишуваат и ќе се запечатуваат купопродажни договори, ќе бидат повикувани сведоци во Венијаминовата Земја и во околината на Ерусалим. Во Јудините градови и во градовите на Горјето, на Шефел, на Негев, зашто ќе ја изменам нивната судбина’ - говори Господ.”