Еремија 32:5-11 MKB

5 Ќе го одведе Седекија во Вавилон и таму ќе остане додека не го посетам - говори Господ! И ако се борите против Халдејците, нема да успеете!”‘“

6 Тогаш Еремија рече: „Ми дојде Господово слово:

7 ‘Скоро ќе дојде кај тебе Анамеил, синот на твојот стрико Салум, за да ти каже: „Купи ја мојата нива во Анатот; ти имаш роднинско право за да ја купиш!”‘

8 Како што навести Господ, кај мене дојде синот на мојот стрико Анамеил во темничкиот двор и ми рече: ‘Де, купи ја мојата нива во Анатот, зашто ти имаш право на сопственост и роднинско право за да ја купиш! Купи ја!’ И така научив дека тоа беше Господов збор.

9 И така, ја купив таа нива од синот на мојот стрико Анамеил од Анатот та му измерив во платежно средство седумдесет сикли сребро.

10 Напишав договор, удрив печат, повикав сведоци и го измерив среброто на мерилката.

11 Потоа го зедов купувачкиот договор, запечатен според прописот, според уредбите,