Еремија 32:9-15 MKB

9 И така, ја купив таа нива од синот на мојот стрико Анамеил од Анатот та му измерив во платежно средство седумдесет сикли сребро.

10 Напишав договор, удрив печат, повикав сведоци и го измерив среброто на мерилката.

11 Потоа го зедов купувачкиот договор, запечатен според прописот, според уредбите,

12 му го предадов купувачкиот договор на Варух, синот Масиев син Нирин. Присутни беа: мојот братучед од стрико Анамеил, сведоците што го потпишаа купопродажниот договор и сите Јудејци, кои се најдоа во темничкиот двор.

13 Тогаш пред нив му заповедав на Варух:

14 ‘Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог!”Земи ги овие исправи, купувачкиот договор, запечатениот и отворениот, и стави ги во глинен сад, за да се запазат долго.”

15 Зашто вака говори Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Уште ќе се купуваат во оваа земја и куќи и ниви и лозја!”‘