1 Додека Еремија уште беше затворен во темничкиот двор, и по вторпат му дојде Господовото слово:
2 „Вака зборува Господ, Кој ја создаде земјата, ја вообличи и ја зацврсти - Името Му е Господ!
3 ‘Повикај Ме, и ќе ти одговорам и ќе ти откријам големи и недостижни тајни за кои што не знаеш ништо.’
4 Зашто вака зборува Господ, Израелевиот Бог, за куќите на овој град и за дворците на јудејските цареви, разурнати заради насипи и меч,