Еремија 33:16-22 MKB

16 Во оние денови Јудеја ќе биде спасена, Ерусалим ќе живее спокојно. А градот ќе се вика: „Господ, наша Правда.”

17 Зашто Господ зборува вака: „Никогаш на Давида не ќе му снема потомок, кој ќе седи на престолот на Израелевиот дом.

18 И никогаш на левитите и на свештениците не ќе им снемаат потомци, кои ќе служат пред Мене и ќе принесуваат паленици, приносници со кадење и ќе жртвуваат во сите денови.’”

19 И Господовото слово му дојде на Еремија:

20 „Господ зборува вака: ‘Ако можете да го укинете Мојот Завет со денот и Мојот Завет со ноќта, така што ќе нема веќе ни ден ни ноќ во право време,

21 ќе може да се укине и Мојот Завет со Мојот слуга Давид, та веќе не ќе има син, кој би царувал на неговиот престол, и со левитите и со свештениците, кои Ми служат.

22 Како што не може да се изброи небесната војска ни да се измери морскиот песок, така ќе го размножам потомството на Својот слуга Давид, и на левитите и на свештениците кои Ми служат.’”