23 И Господовото слово му дојде на Еремија:
24 „Не забележа ли што зборуваат овие луѓе: ‘Господ ги отфрли двете племиња, што ги беше избрал за себе?’ И со презир го одречуваат Мојот народ како да не Ми е веќе Мој народ.
25 Господ зборува вака: ‘Ако не го склучив Својот Завет со денот и со ноќта, и ако не им поставив закони на небото и земјата,
26 би можел да го отфрлам потомството на Јакова и на Давида, Својот слуга, за да не земам веќе нивни потомок за владетел над Авраамовото, Исаковото и Јакововото потомство, кога ќе ја изменам нивната судбина и кога ќе им се смилувам.’”