Еремија 33:4-10 MKB

4 Зашто вака зборува Господ, Израелевиот Бог, за куќите на овој град и за дворците на јудејските цареви, разурнати заради насипи и меч,

5 и за оние што зафаќаат борба со Халдејците за да ги наполнат своите куќи со телата на луѓето, што ги истепав во Својата расрденост и јарост, и го одвратив Своето лице од овој град заради нивните лошотии.

6 Еве, Јас ќе ја исцелам нивната рана, Јас ќе ги оздравам и исцелам и ќе им пружам изобилство на вистинскиот мир.

7 Ќе ја изменам судбината на Јудината Земја и на Ерусалим и ќе ги подигнам да бидат како некогаш.

8 Ќе ги очистам од секој грев со кој согрешија против Мене, и ќе им ги простам сите вини што Ми ги скривија, одметнувајќи се од Мене.

9 И Ерусалим ќе Ми биде радост, за фалба и за чест пред сите народи на светот: кога ќе чујат за сето добро што ќе им го поделам, ќе се восхитуваат и ќе и се чудат на сета онаа среќа во мирот, што ќе им ја дадам.’

10 Господ зборува вака: ‘На ова место за кое што вие велите: „Тоа е пустина без човек и без животинче” - во јудејските градови и по запустените ерусалимски улици пак ќе се разнесуваат