Еремија 37:1-7 MKB

1 После Хониј, синот Јоакимов, се зацари Седекија, синот Јосиин. Навуходоносор, вавилонскиот цар, го постави за цар во Јудејската Земја.

2 Ама ни тој ни неговите слуги ни народот на земјата не ги слушаа зборовите, што Господ ги зборуваше преку устата на пророкот Еремија.

3 Царот Седекија ги испрати Јеухал, синот Селемиин, и свештеникот Софониј, синот Масиин, кај пророкот Еремија со порака: „Дај, помоли Му се за нас на Господа, нашиот Бог!”

4 Во она време Еремија уште одеше меѓу народот, и уште не го имаа фрлено во темница.

5 А фараоновата војска навлегуваше од Египет: откако го чуја тоа, Халдејците, кои го опсадуваа Ерусалим, се оддалечија од градот.

6 Тогаш Господовото слово му се јави на пророкот Еремија:

7 „Вака зборува Господ, Израелевиот Бог: ‘На јудејскиот цар, кој ве испрати кај мене да ме прашате, речете му вака: „Еве, фараоновата војска, што ви доаѓа на помош, ќе се врати во својата земја, Египет.