Еремија 37:16-21 MKB

16 Така Еремија се најде во јама со свод над неа. Таму Еремија остана многу време.

17 Тогаш царот Седекија испрати по него. И насамо, во дворецот, царот го праша: „Има ли слово од Господа?” А на тоа Еремија рече: „Секако!” И додаде: „Ќе бидеш предаден во рацете на вавилонскиот цар!”

18 Тогаш Еремија му рече на Седекија: „Што ви скривив тебе, на твоите слуги и на овој народ, та ме фрливте во темница?

19 Каде се сега вашите пророци што ви прорекоа: ‘Вавилонскиот цар нема да удри на вас ни на оваа земја?’

20 А сега, ајде, чуј ме господару мој и цару, послушај ја мојата молба! Немој да ме вратат пак во куќата на писарот Јонатан, за да не умрам таму!”

21 Тогаш царот Седекија нареди, и го одведоа Еремија во темничкиот двор, та му даваа секој ден парче леб од Пекарската улица, се додека не потснема леб во градот. И така Еремија остана во темничкиот двор.