Еремија 37:4-10 MKB

4 Во она време Еремија уште одеше меѓу народот, и уште не го имаа фрлено во темница.

5 А фараоновата војска навлегуваше од Египет: откако го чуја тоа, Халдејците, кои го опсадуваа Ерусалим, се оддалечија од градот.

6 Тогаш Господовото слово му се јави на пророкот Еремија:

7 „Вака зборува Господ, Израелевиот Бог: ‘На јудејскиот цар, кој ве испрати кај мене да ме прашате, речете му вака: „Еве, фараоновата војска, што ви доаѓа на помош, ќе се врати во својата земја, Египет.

8 Халдејците пак ќе го нападнат овој град, ќе го освојат и ќе го спалат.”‘

9 Господ зборува вака: ‘Не занесувајте се со мислата: „Халдејците ќе си одат од нас,” зашто тие не ќе си отидат!

10 Па и да ја разгромите сета халдејска војска што се бори против вас, така што од неа да останат само ранетите, тие пак, секој од својот шатор, ќе станат за да го уништат со пожар овој град.’”