Еремија 40:1-5 MKB

1 Ова е словото што Господ му го упати на Еремија, откако Невузардан, заповедникот на телесната стража, го пушти од Рама. Го оддвои кога веќе, окован во вериги, беше меѓу сите ерусалимски и јудејски заточеници, што ги водеа во Вавилон.

2 И така, откако го оддвои, заповедникот на телесната стража му рече: „Господ, твојот Бог, му се закани со несреќа на ова место.

3 Изврши и направи како што се закани, зашто грешевте против Господа и не го слушавте Неговиот глас. Затоа и ве најде ова зло.

4 Еве, сега ги одврзувам оковите од твоите раце. Ако ти е по волја да дојдеш со мене во Вавилон, тргни со мене, и моето око ќе бдее над тебе. Ако не ти е по волја да дојдеш со мене во Вавилон, ти остани. Еве, целата земја е пред тебе: можеш да одиш каде што ти сака окото, каде што ќе ти биде добро.

5 И така, ако сакаш да останеш, можеш да појдеш кај Годолиј, синот Ахикамов, синот Сафанов, кого што вавилонскиот цар го постави над јудејските градови, и остани кај него среде народот, или пак можеш да одиш каде што ти е мило.” Потоа заповедникот на телесната стража му даде храна и подарок кон тоа и го отпушти.