13 А Јоанан, синот Кариов, и сите воени заповедници отидоа кај Годолиј во Миспа,
14 па му рекоа: „А знаеш ли дека амонскиот цар Валис го испрати Исмаило, синот Нетаниин, за да те убие?” Но Годолиј, синот Ахикамов, не им поверува.
15 Тогаш Јоанан, синот Кариов, му рече потајно на Годолиј, во Миспа: „Одам да го убијам Исмаило, синот Нетаниин, така што никој нема да научи. Зошто тој да те убие тебе, и пак да се распрснат сите Јудејци, кои се собраа околу тебе? И зошто да пропадне остатокот на Јудејците?”
16 Но Годолиј, синот Ахикамов, му одговори на Јоанана, синот Кариов: „Немој да го правиш тоа! Зашто е лага што го зборуваш за Исмаило.”