Еремија 40:9-15 MKB

9 Годолиј, син на Сафановиот син Ахикам, им се заколна ним и на нивните луѓе и рече: „Не бојте се да им служите на Халдејците, останете во земјата, бидете му верни на вавилонскиот цар, и ќе ви биде добро.

10 А јас, ете, ќе останам во Миспа во служба на Халдејците кои што доаѓаат кај нас. Вие пак соберете го грозјето, соберете ги овошките и маслинките, ставете ги во садови и останете во градовите што сте ги зазеле.”

11 И сите Јудејци што се најдоа во Моав, кај Амоновите синови, и во Едом, по сите земји, научија дека вавилонскиот цар остави остаток во Јудеја и дека го поставил над нив Годолиј, син на Сафановиот син Ахикам.

12 И тогаш сите Јудејци се вратија од сите места каде што ги беа распрснале, се вратија во Јудејската Земја кај Годолиј во Миспа, па набраа мошне многу грозје и други овошки.

13 А Јоанан, синот Кариов, и сите воени заповедници отидоа кај Годолиј во Миспа,

14 па му рекоа: „А знаеш ли дека амонскиот цар Валис го испрати Исмаило, синот Нетаниин, за да те убие?” Но Годолиј, синот Ахикамов, не им поверува.

15 Тогаш Јоанан, синот Кариов, му рече потајно на Годолиј, во Миспа: „Одам да го убијам Исмаило, синот Нетаниин, така што никој нема да научи. Зошто тој да те убие тебе, и пак да се распрснат сите Јудејци, кои се собраа околу тебе? И зошто да пропадне остатокот на Јудејците?”