Еремија 41:10-16 MKB

10 Тогаш Исмаило го одведе остатокот на народот од Миспа, заедно со царските ќерки, кои што Невузардан, заповедник на телохранителите, му ги довери на Годолиј, синот Ахикамов: во самите мугри тргна Исмаило, синот Нетаниин, и се запати да ја помине земјата на Амоновите синови.

11 Но кога Јоанан, синот Кариов, и сите воени заповедници што беа со него, научија за сите злостори што ги имаше направено Исмаило, синот Нетаниин,

12 ги зедоа сите свои војници те тргнаа во бој против Исмаило, синот Нетаниин. Го најдоа покрај големата вода во Гаваон.

13 Штом оние луѓе кои што беа кај Исмаило го здогледаа Јоанан, синот Кариов, и сите воени заповедници, кои беа со него, се зарадуваа,

14 и сиот народ што Исмаило го одведе од Миспа се заврте и потрча кон Јоанана, синот Кариов.

15 Но Исмаило, синот Нетаниин, со осум луѓе избега од Јоанана и отиде кај Амоновите синови.

16 Тогаш Јоанан, синот Кариов, и сите воени заповедници кои беа со него, го зедоа останатиот народ што Исмаило, синот Нетаниин, откако го уби Годолиј, синот Ахикамов, го доведе од Миспа: мажите, жените и децата, и дворјаните, кои ги доведе од Гаваон.