Еремија 41:13-18 MKB

13 Штом оние луѓе кои што беа кај Исмаило го здогледаа Јоанан, синот Кариов, и сите воени заповедници, кои беа со него, се зарадуваа,

14 и сиот народ што Исмаило го одведе од Миспа се заврте и потрча кон Јоанана, синот Кариов.

15 Но Исмаило, синот Нетаниин, со осум луѓе избега од Јоанана и отиде кај Амоновите синови.

16 Тогаш Јоанан, синот Кариов, и сите воени заповедници кои беа со него, го зедоа останатиот народ што Исмаило, синот Нетаниин, откако го уби Годолиј, синот Ахикамов, го доведе од Миспа: мажите, жените и децата, и дворјаните, кои ги доведе од Гаваон.

17 Тргнаа, а кај Химамовата Гостилница, што е покрај Витлеем, тие се одморуваа за да можат да го продолжат патот и да стигнат во Египет,

18 што подалеку од Халдејците, од кои се плашеа: зашто Исмаило, синот Нетаниин, го уби Годолија, синот Ахикамов, кого што вавилонскиот цар го имаше поставено за намесник во земјата.