Еремија 41:3-9 MKB

3 А и сите Јудејци кои што беа со него во Миспа, и Халдејците, војници што се најдоа таму - Исмаило нареди да ги погубат.

4 Утреден, откако беше убиен Годолиј, додека уште никој не знаеше што се случи,

5 дојдоа луѓе од Сихем, од Сило и од Самарија, осумдесетмина, со избричени бради, искинати облеки и со зарези по телото, носејќи во рацете приноси и темјан, за да ги принесат во Господовиот Дом.

6 Исмаило, синот Нетаниин, им излезе од Миспа во пресрет, додека тие, плачејќи одеа по својот пат. Кога ги стигна, им рече: „Дојдете кај Годолиј, синот Ахикамов!”

7 А кога стигнаа среде градот, Исмаило, синот Нетаниин, и неговите луѓе ги заклаа и ги фрлија во јама.

8 А меѓу нив имаше десет луѓе кои што му рекоа на Исмаило: „Не нè убивај, зашто имаме во полињата закопани одвишоци пченица, јачмен, масло и мед.” Тој тогаш се откажа и не ги уби со нивните браќа.

9 А водособиралиштето во кое Исмаило ги фрли сите тела на погубените луѓе, големото водособиралиште, беше тоа истото што царот Аса го имаше направено против Васа, израелскиот цар. И сега, Исмаило, синот Нетаниин, го наполна со убиени луѓе.