1 Тогаш сите воени заповедници, особено Јоанан, синот Кариов, и Езаниј, синот Осаев, и сиот народ, мало и големо, пристапија
2 и му рекоа на пророкот Еремија: „Чуј ја внимателно нашата молба! Моли се за нас пред Господа, својот Бог, за сиот овој Остаток, зашто, како што гледаш и самиот, нè остана уште сосем малку од големиот број колку што нè имаше некогаш.
3 Нека Господ, твојот Бог, ни објави каде да тргнеме и што треба да правиме.”
4 Пророкот Еремија им одговори: „Се согласувам, ќе Му се помолам, како што рековте на Господа, вашиот Бог, и ќе ви јавам сè што Тој ќе ви одговори, ниеден збор нема да ви скријам.”