Еремија 42:11-17 MKB

11 Не бојте се од вавилонскиот цар од кого се плашите. Не бојте се од него - говори Господ - зашто Јас Сум со вас за да ве спасам и да ве избавам од неговите раце.

12 И Јас ќе ви покажам милост да ви се смилува и да ве пушти да живеете во оваа земја.’

13 Ако пак речете: ‘Не, ќе останеме во оваа земја,’ не покорувајќи Му се на гласот на Господа, својот Бог,

14 ако речете: ‘Не, одиме во Египет, за да не видиме веќе војна, за да не го чуеме веќе гласот на бојниот рог, за да не бидеме веќе гладни за леб; да одиме онаму.’

15 Тогаш чујте го Господовото слово, вие кои сте Остаток на Јудеја: „Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: ‘Ако одлучивте да тргнете во Египет, за да живеете таму,

16 мечот од кој се плашите, ќе ве стигне во Египетската Земја; гладот од кој се страшите, ќе ви биде зад петиците во Египет: и таму ќе умрете!

17 И сите оние кои ќе решат да отидат во Египет и да се населат таму, ќе загинат од меч, од глад и од помор: никој жив не ќе и избега на несреќата што ќе ја навалам врз нив.’