Еремија 42:17-22 MKB

17 И сите оние кои ќе решат да отидат во Египет и да се населат таму, ќе загинат од меч, од глад и од помор: никој жив не ќе и избега на несреќата што ќе ја навалам врз нив.’

18 Зашто вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: ‘Како што Мојата расрденост и Мојот бес се оборија врз Ерусалимците, така Мојот гнев ќе се излее и врз вас ако тргнете во Египет: ќе станете проклетство, ужас и клетва и потсмев, а ова место никогаш веќе не ќе го видите.’

19 Вам, кои сте остаток на Јудеја, Господ ви порачува да не одите во Египет. Знајте добро дека денес бев сведок против вас.

20 Зашто самите себе се измамувате. Та вие ме испративте кај Господа, својот Бог, велејќи: ‘Моли се за нас пред Господа, нашиот Бог, и соопшти ни сè што Тој ќе ти објави, и ние ќе го направиме тоа.’

21 А денес ви објавив, ама вие веќе не го слушате гласот на Господа, вашиот Бог, Кој ме испрати кај вас.

22 И така, знајте добро: ќе загинете од меч, од глад и од помор во местото каде што сакате да одите, за да се населите таму.”