Еремија 42:6-12 MKB

6 Било да е поволен или неповолен гласот на Господа, нашиот Бог, кај Кого те праќаме, ние ќе го слушаме, за да ни биде добро, зашто го послушавме гласот на Господа, нашиот Бог.”

7 По десет денови Господовото слово му дојде на Еремија.

8 Тогаш тој ги повика Јоанан, синот Кариов, сите воени заповедници кои беа со него, и сиот народ, мало и големо,

9 па им рече: „Вака зборува Господ, Израелевиот Бог, Кому ме испративте за да ја излеам пред Него вашата молба:

10 ‘Ако бидете живееле мирно во оваа земја, ќе ве подигнам, и нема веќе да ве разурнам; ќе ве посадам, а нема да ве откорнам. Зашто се сожалив за бедата што ви ја сторив.

11 Не бојте се од вавилонскиот цар од кого се плашите. Не бојте се од него - говори Господ - зашто Јас Сум со вас за да ве спасам и да ве избавам од неговите раце.

12 И Јас ќе ви покажам милост да ви се смилува и да ве пушти да живеете во оваа земја.’