Еремија 44:1-6 MKB

1 Слово што му се јави на Еремија за сите Јудејци кои живееја во Египетската Земја, кои живееја во Мигдол, во Тафнес и во земјата Патрос.

2 „Вака зборува Господ пад Воинствата, Израелевиот Бог: ‘И самите ја видовте сета несреќа што ја навалив врз Ерусалим и врз сите јудејски градови; еве денес тие се куп урнатини, а во нив никој веќе не живее,

3 заради нивните злодела што ги направија за да Ме навредуваат Мене, тргнувајќи кон други богови што не ги познавате: ни тие, ни вие, ни вашите татковци, за да им кадат и за да им служат.

4 А Јас постојано ви ги праќав Своите слуги, пророците, за да ви речат: „Не правете ги тие гнасости што Ми се замразени!”

5 Ама тие не Ме слушаа, ниту го приклонија своето уво за да се откажат од своето зло и да прекратат да им кадат на туѓи богови.

6 Затоа се излеа Мојот гнев и Мојата расрденост, и се распламтија во јудејските градови и по ерусалимските улици, та се претворија во пустина и во урнатини, како што се денес.