Еремија 44:10-16 MKB

10 До денешен ден не се покајаа, не се боеја, не живееја според Мојот Закон ни по Моите одредби, што ви ги дадов вам и на вашите татковци.’

11 Затоа вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: ‘Еве, Го свртувам Своето лице против вас, за ваша несреќа, за да ја сотрам сета Јудејска Земја.

12 Ќе го однесам остатокот на Јудеја кој одлучи да оди во Египетската Земја, за да се насели таму; сите ќе загинат во Египетската Земја, ќе паднат од меч, ќе гинат од глад, ќе загинат сите, мало и големо, ќе изумрат од меч и од глад, и ќе бидат проклетство, ужас, клетва и укор.

13 Ќе ги казнам сите што ќе бидат во Египетската Земја, како што го казнив Ерусалим: со меч, со глад и со помор.

14 А од остатокот на Јудеја што дојде да се настани во Египет, никој не ќе избега ниту ќе преживее, за да би можел да се врати во Јудејската Земја, по која им копнеат душите, за да се вратат во неа и за да се настанат таму. Зашто никој не ќе се врати, освен бегалците.’”

15 И тогаш сите мажи кои што знаеја дека жените им кадат на туѓи богови, и сите присутни жени, во големо мноштво, и сиот народ што живееше во Египетската Земја и во Патрос, му одговорија на Еремија:

16 „Зборовите што ни ги објави во Господово Име ние не ги слушаме;