Еремија 44:18-24 MKB

18 Но откако прекративме да и кадиме на небеската царица и да и лееме налевници, бевме скудни во сè, и гиневме од меч и од глад.”

19 А жените рекоа: „Кога и кадиме на небеската царица и и лееме налевници, зар без знаење на своите мажи печеме колачиња во облик на нејзиниот лик и лееме налевници?”

20 Тогаш Еремија на сиот народ, на мажите и жените, и на сите луѓе што му зборуваа така, им рече:

21 „Не си ли спомна Господ и не Го ѓибна ли во срцето темјанот што го палевте по јудејските градови и по ерусалимските улици, вие и вашите татковци, вашите цареви, кнезови и земниот полк?

22 Господ не можеше веќе да ги поднесува вашите злодела и гнасостите што ги направивте, и затоа вашата земја се претвори во пустина и урнатини, во проклетство, без жители, како што е и денес.

23 Заради тоа што, принесувајќи темјан, Му згрешивте на Господа, зашто не го слушавте Господовиот глас и не ги пазевте Господовиот Закон и неговите наредби и сведоштва, ве најде оваа несреќа, каква што е денес.”

24 Потоа Еремија му рече на сиот народ, особено на жените: „Чујте го Господовото слово, сите Јудејци што сте во Египетската Земја: