Еремија 44:2-8 MKB

2 „Вака зборува Господ пад Воинствата, Израелевиот Бог: ‘И самите ја видовте сета несреќа што ја навалив врз Ерусалим и врз сите јудејски градови; еве денес тие се куп урнатини, а во нив никој веќе не живее,

3 заради нивните злодела што ги направија за да Ме навредуваат Мене, тргнувајќи кон други богови што не ги познавате: ни тие, ни вие, ни вашите татковци, за да им кадат и за да им служат.

4 А Јас постојано ви ги праќав Своите слуги, пророците, за да ви речат: „Не правете ги тие гнасости што Ми се замразени!”

5 Ама тие не Ме слушаа, ниту го приклонија своето уво за да се откажат од своето зло и да прекратат да им кадат на туѓи богови.

6 Затоа се излеа Мојот гнев и Мојата расрденост, и се распламтија во јудејските градови и по ерусалимските улици, та се претворија во пустина и во урнатини, како што се денес.

7 Зошто самите навалувате врз себеси таква голема несреќа - зборува Господ, Бог над Војските, Израелевиот Бог - та самите истребувате од корен сè: машко и женско, деца и младенчиња, та ни остатокот нема да ви остане,

8 зашто Ме навредувате со делата на вашите раце, кадејќи им на туѓи богови во Египетската Земја, во која што дојдовте да престојувате, а ќе бидете откорнати и ќе станете клетва и потсмев меѓу сите народи на земјата?