1 Словото што Господ му го упати на пророкот Еремија против народите.
2 Уште за Египет. Против војската на фараонот Нехаон, египетски цар, кој беше покрај реката Еуфрат, во Харкемис, и кого царот Навуходоносор го порази, во четвртата година на Јоаким, синот Јосиин, јудејскиот цар.
3 „Подгответе штитови и оклопи! Напред, во бој!
4 Впрегнете ги коњите! На коли, возачи! Поставете се под кацигите! Насочете ги копјата! Навлечете ги оклопите!
5 Што гледам? Вчудоневидени, се повлекуваат? Нивните јунаци, поразени, се дадоа во бегство, со главата без обѕир! ужас отсекаде - говори Господ.
6 Ни најбрзиот не избега, ни најхрабриот не се извлече! На север, покрај брегот на Еуфрат, се сопинаат и паѓаат.
7 Кој се дига како Нил, чии води шумат, како потоци?