Еремија 46:12-18 MKB

12 Народите чуја за твојот срам, твоите викотници ја наполнија земјата. Зашто јунак се сопнува од јунак и двајцата паѓаат.”

13 Слово што Господ му го упати на пророкот Еремија кога Навуходоносор, вавилонскиот цар, дојде за да удри на Египетската Земја.

14 „Навестете му на Египет, објавете во Мигдол, разгласете во Мемфис: ‘Подреди се! Приготви се! Зашто мечот веќе голта сè околу тебе!’

15 Што? Зар Апис избега? Твојот бик не устои? Да, Господ го обори!

16 Тој направи та мнозина се сопнаа, испаѓаа еден на друг. И ете, зборуваат: ‘На нозе! Да се вратиме при својот народ, во својата родна грутка, пред погубувачкиот меч!’

17 На фараонот, египетскиот цар, дајте му име: ‘Врева што го погоди вистинскиот час.’

18 Жив Сум Јас - зборува Царот, Кому Му е Името Господ над Воинствата - тоа ќе дојде како Тавор среде планините, како Кармил над морето.