Еремија 46:19-25 MKB

19 Подготви го заточеничкиот врзулец, задомена египетска ќерко, зашто Мемфис ќе биде претворен во пустина, ограбен и ненаселен.

20 Египет беше убава јуничка, но доаѓа, доаѓа против неа гибел од Север.

21 А и египетските наемници што како згоени телиња живееја и тие се свртија, се дадоа во бегство, не можат да устојат, зашто ги достасува Денот на пропаста, дојде време да бидат казнети.

22 Слушај! Како змија да с’ска, доаѓаат со сета сила, со секири се нафрлаат врз неа, токму како дрварите.

23 Ќе ја исечат гората - говори Господ - иако е непроодна. Ги има повеќе од скакулците, им нема број.

24 Засрамена е Египетската Земја, му е предадена на народот од Север.”

25 Зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: „Еве ќе ги казнам: Тебискиот Амон, фараонот и Египет, и сите негови богови, цареви, фараонот и сите кои што се надеваат на него.