Еремија 46:21-27 MKB

21 А и египетските наемници што како згоени телиња живееја и тие се свртија, се дадоа во бегство, не можат да устојат, зашто ги достасува Денот на пропаста, дојде време да бидат казнети.

22 Слушај! Како змија да с’ска, доаѓаат со сета сила, со секири се нафрлаат врз неа, токму како дрварите.

23 Ќе ја исечат гората - говори Господ - иако е непроодна. Ги има повеќе од скакулците, им нема број.

24 Засрамена е Египетската Земја, му е предадена на народот од Север.”

25 Зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: „Еве ќе ги казнам: Тебискиот Амон, фараонот и Египет, и сите негови богови, цареви, фараонот и сите кои што се надеваат на него.

26 Ќе ги предадам во рацете на оние што им работат спроти глава, во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар, и во рацете на неговите слуги. А после Египет пак ќе биде населен, како во старите времиња - говори Господ.

27 Не бој се Јакове, Мој слуго, не плаши се, Израелу! Зашто, еве, ќе те спасам од далеку, и твоето потомство од земјата на заточението. Јаков пак ќе се смири, ќе живее спокојно, и никој не ќе го плаши.