24 Засрамена е Египетската Земја, му е предадена на народот од Север.”
25 Зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: „Еве ќе ги казнам: Тебискиот Амон, фараонот и Египет, и сите негови богови, цареви, фараонот и сите кои што се надеваат на него.
26 Ќе ги предадам во рацете на оние што им работат спроти глава, во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар, и во рацете на неговите слуги. А после Египет пак ќе биде населен, како во старите времиња - говори Господ.
27 Не бој се Јакове, Мој слуго, не плаши се, Израелу! Зашто, еве, ќе те спасам од далеку, и твоето потомство од земјата на заточението. Јаков пак ќе се смири, ќе живее спокојно, и никој не ќе го плаши.
28 Не бој се Јакове, Мој слуго, - говори Господ - зашто Јас Сум со тебе. Ќе ги сотрам народите меѓу кои те заточив, а тебе нема да те уништам сосем: но ќе те казнам според правдата, нема да те оставам неказнет.”